• формат pdf
  • размер 1,97 МБ
  • добавлен 03 февраля 2017 г.
Караниколова Л. Детаљот во Ана Каренина и Пиреј
Скопје: Феникс, 2013. — 322 с. — (Библиотека “Научни изданија”). — ISBN 978-9989-33-634-8
Оваа студија се занимава со прашањето за детаљот во два романа: „Пиреј“ од Петре М. Андреевски и „Ана Каренина“ од Лав Николаевич Толстој. Притоа, вниманието е насочено главно кон литерарните подробности (= деталите) што партиципираат во конституирањето на двата женски лика – Велика Мегленоска и Ана Каренина. Провокацијата за еден ваков, ќе си дозволиме да го наречеме обемен зафат е главно маргинализираноста на овој наративна единица, заедно со нашето ентузаијастичко настојување да се стави на опит еден, навидум „небитен“ литерарен ентитет. Впрочем, теоријата на литературата отсекогаш, па и наратологијата во последниве децении, покажуваат повеќе наклонетост кон испитување на „покрупните“ елементи во едно литературно дело, како: композиција, сиже, лик, карактер, нарација во потесна смисла и сл. Дури ни теоретичарите на реализмот не најдоа за потребно да го подложат на потемелна опсервација овој, „минијатурен“, а инаку мошне важен елемент во реалистичното литературно дело.
И овде на детаљот му се пристапува како на интегрална составка од поголемата целина – опис или лик, при што крајниот резултат е конституирањето на т.н. „материјален“, каков што се среќава во романот „Ана Каренина“ и „вербален“ детаљ, на каков што се наидува во романот „Пиреј“. Се работи за таква наратолошка едница што е најтесно поврзана со градењето на категоријата лик, но и својствена на т.н. литературата на реализмот. Постојат повеќе причини зошто анализата на детаљот се прави според материјал од апострофираните романи. Најнапред, припадноста на двата романа на т.н. „ахрониски реализам“. Романот „Ана Каренина“ хронолошки му припаѓа на рускиот реализам на 19-от век. Романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски пак, објавен во 1980 година, ѝ припаѓа на современата македонска литература. Просторно-временската дистанца воопшто не претставува пречка за да се нагласат низа допирни точки, кои ја „мотивираат“ анализата на детаљот.
Двата романа покажуваат колку сличност толку и автентичност по однос на начинот на организирање на наративниот материјал. Нашата анализа има за цел, пред се класификација на деталите во двата романа и определување на нивната улога во конституирањето на ликовите на Велика и Ана, како и утврдување на сличностите и разликите меѓу нив. Примарна интенција е, да се покаже (и докаже) дека, во романот „Пиреј“ деталите ќе бидат од една категорија – „вербални“, „знаковни“ или „идеални“, додека пак во „Ана Каренина“ нивната природа ќе биде „материјална“.